Вучиќ бил во животна опасност, лекарите го спасиле!

Српскиот претседател Александар Вучиќ завчера бил примен на Военомедицинската академија во Белград во сериозна состојба и лекарите му го спасиле животот, откри министерот за здравство Златибор Лончар.



Министерот за српската новинска агенција Танјуг објасни дека претседателот има хронични, помали проблеми со срцето, но во петокот дошло до сериозно влошување на неговата здравствена состојба, па решил да им с еобрати на лекарите во ВМА.

Лончар додава дека по приемот во болницата било проценето дека шефот на српската држава е животно загрозен, па медицинските тимови веднаш ги спровеле сите неопходни мерки, а Вучиќ добро реагирал на терапијата што му е препишана.

Од ВМА на претседателот на Србија му препорачале во наредниот период да ги намали своите работни активности, а тој им се заблагодари и порача дека од утре ќе биде во „полн работен погон“.