Српскиот претседател Александар Вучиќ ја отфрли изјавата на претседателот на Косово, Хашим Тачи, дека обединувањето на Прешевската долина со Косово е сон на секој Албанец, како нереална.
Тачи претходно изјави дека обединувањето на трите општини на југот на Србија, Прешево, Бујановац и Медвеѓа е Косово е сон на секој Албанец.
„Па, добро, тоа го рсакажува веќе две или три години. Без врска ми е таа приказна, во секој поглед. Ниту тој може да ја оствари, ниту тие, нема никаква врска со реалноста. Тоа е за нивните внатрешни политички потреби.
Тој и Харадинај се докажуваат кој е поголем националист. Луѓето од тој дел од Србија не треба да бидат загрижени, но и другите српски државјани. Јас не сум некој што се удира в гради, но луѓето знаат дека односот на силите не е мерлив“ вели Вучиќ.




