Српскиот претседател Александар Вучиќ, потврди дека поранешниот премиер Никола Груевски, во Унгарија, каде се наоѓа и каде побара азил, влегол во Србија со уредни лични документи, еден ден пред да биде распишана меѓународна потерница по него:



„…На 12-ти ноември, некаде околу 22.30 тој влегува на преминот Гостун во Србија со регуларна лична карта во придружба од истите две лица,  а во 05.11 часот  ја напушта Србија на преминот Хоргош со пропусница бр. 100.501 издадена во Тирана, со лична карта и во придружба на лица со дипломатски документи и дипломатско возило“, изјави Вучиќ во гостувањето во емисијата „Ќирилица“.

„Дури на 13.11 во 19,35 часот од Интерпол Скопје ни е испратена потерница. Значи да го застанавме, тоа би било киднапирање на Груевски од наша страна“, рече Вучиќ според кој Груевски на 11 ноември, влегол во Албанија, легитимирајќи се и во придружба на две лица од унгарска националност, а потоа во Црна Гора и понатаму во Србија.