Советот на јавните обвинители го отфрли барањето на обвинителката Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката со која ја исфрлија од трката за републички јавен обвинител.
Во образложението Советот остана на својот став дека вишата обвинителка имала некомплетна документација – уверение за деловна способност и уверение за познавање на македонскиот јазик.
Фетаи за Фокус изјави дека тоа се општи услови, кои се подразбира дека ги исполнува бидејќи и во моментот е јавен обвинител.
За Фокус Фетаи изјави дека „познавањето на македонскиот јазик и уверение за деловна способност се општи услови, кои се подразбира дека ги исполнуваме уште кога сме избрани за обвинители. Доколку не ги исполнуваме овие два услови воопшто не би можеле да работиме како обвинители“.
Советот на јавните обвинители зелено светло му даде само на Љупчо Коцевски, а од трката ја исфрли и обвинителката Лидија Раичевиќ.






