Вториот круг парламентарни избори во Франција и – тест за Макрон

Парламентарните избори се важен тест за центристичкиот претседател Емануел Макрон, кој освои втор мандат против екстремната десничарка Марин Ле Пен, но анкетите денеска не му даваат сигурна победа.



Малку е веројатно дека партијата на Макрон ќе освои апсолутно мнозинство. Доколку тоа се случи, владата сепак ќе може да владее, но само по консултации со другите партии за поддршка.

Излезноста во првиот круг во првиот круг пред две седмици беше на рекордно ниско ниво со излезност опд помалку од половина од 48,7 милиони регистрирани гласачи во Франција.

Партијата на Макрон и нејзините сојузници имаат речиси еднакви гласови со новата левичарска коалиција на социјалистите и зелените. На национално ниво и двете ривалски сојузи добија речиси 26% од гласовите во првиот круг.

Новата еколошка и социјална народна унија (НУПЕС) на Обединетата левица на Жан-Лук Меланшон беше на второто место со 25,66 отсто.

Националното движење на Марин Ле Пен се најде на третото место со 18,67 отсто од гласовите.

Се очекува кандидатите на Макрон да освојат повеќе изборни единици од нивните ривали од левицата, но да добијат многу помалку пратенички места отколку пред пет години.