Свештено лице е професијата на вториот лик кој се споменува во мистериозниот твит кој вчера беше споделуван на тајни групи на апликацијата Телеграм но и на социјалните мрежи.
Откако вчера беше “дешифриран” идентитетот на едното од двете лица кои се споменуваат во твитот а кои не се прикажани со нивните вистински имиња денеска е извесно кој е идентитетот на второто лице кое се нарекува Владо Наумов.
Според анализа на повеќе луѓе се работи за еден од највлијателните и најмоќни свештеници на МПЦ кој е во блиски релации со највисоки државни фактори.
Во информацијата во која наводно се зборува за двајца луѓе кои јадат ќебапи најверојатно индиректно се испраќа порака за други нелегално активности за луѓе со поинакви имиња и за настани кои засега не се целосно јасни.
Целиот твит:
“Она кога #ДончоФондов и #ВладоНаумов секој месец лапале ќебапи, едниот десетка, другиот петка со кромид. На крајот од приказната за политичка корупција ги протерало за по надвор.
#ДесеткаСоКромид
#ПеткаСоЛук
#Апсаана
Во дел од коментарите на социјалните мрежи првото споменато лице кое се именува како Дончо Фондов се поврзува со висок државен функционер кој контролира важна институција со голем буџет а кој е близок на највисоки партиски и државни функционери.
Тоа лице и предходно се споменувало како актер во корупциски скандали.
И двете лица водат потекло од истиот град од каде што доаѓа и еден од најмоќните ликови во македонската политика.
Во продолжение оргиналниот твит, информација за првиот инволвиран профил и што точно меѓу редови се порачува во постот што вознемири дел од јавноста која препознава за кого и за каков вид на однесување се работи.
Кои се луѓето од мистериозниот “твит” што ги вознемири социјалните мрежи





