Вториот човек на СДСМ ги испрати во изолација „генсекот“ на ВМРО-ДПМНЕ и новинарка

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири кој е носител на вирусот на корона во изминативе денови контактирал со огромен број луѓе поради што тие ќе мора да бидат ставени под превентивни мерки.



Меѓу тие со кои Зекири комуницирале е и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев со кого пред три дена беа на дебатна емисија во ТВ24

Водителка на емисијата беше новинарката Душица Мрѓа.

Поради контактите и генсекот и новинарка од денеска се во самоизолација.