Објавен е и втор оглас за избор на приватни превозници кои ќе бидат дел од јавниот превоз во градот. Откако на 9 декември Град Скопје објави оглас за линиите 20 и 22, сега со втор оглас се бараат возачи и автобуси за превозници на линиите 9, 11 и 12.



За линијата 9 се бараат 15 автобуси и 31 возач, за линијата 11 пет автобуси и 10 возачи, а за линијата 12 се потребни осум автобуси и 18 возачи.

Со двата огласи на Градот му се потребни 48 автобуси и 103 возачи. Градоначалничката Данела Арсовска,

Откако се скара со приватните превозници и не им го плаќа долгот од 1,5 милиони евра, Градоначалничката Данела Арсовска тврди дека во Скопје нема недостаток на автобуси и дека ЈСП соодветно ги надополнува сите линии кои ги одржуваа приватниците.