Денеска во вториот круг од претседателските избори ќе се соочат претседателските кандидати Румен Радев-(Илијана Јотова за потпретседателка) и Анастас Герџиков (Невјана Митева кандидат за потпретседателка).
Ова се седми претседателските избори по демократските промени во Бугарија, а претседателската институција е воведена во 1990 година.
Петар Младенов беше избран за прв претседател на Бугарија на 3 април 1990 година од Народното собрание.
На функцијата остана до 1992 година, кога се одржаа првите директни избори за шеф на државата.
Д-р Желев победи во вториот круг (19.01.1992) и на таа позиција остана до почетокот на 1997 година.
На изборите од 27 октомври – 3 ноември 1996 година за претседател е избран Петар Стојанов, кој ја презеде функцијата на 22 јануари 1997 година. Петар Стојанов се кандидираше за втор претседателски мандат во 2001 година, но загуби во вториот круг од Георги Прванов.
На претседателските избори во октомври 2011 година победи Росен Плевнелиев кадар на ГЕРБ.
На изборите во 2016 година, повеќе од 2 милиони гласачи го дадоа својот глас во корист на Румен Радев, поддржан од БСП.






