Втор гаф на Пендаровски за еден ден, грешката повторена

Откако претседателот Пендаровски го избриша предходниот твит во кој по грешка му честиташе на погрешен профил за кој мислел дека е на чешкиот претседател Милош Земан на шефот на државата му се случи нив гаф.



По реакциите на јавноста Пендаровски напиша нов пост но и во новиот твит повторно му честита на погрешен човек односно на погрешен профил на Твитер.

Кабинетот на претседателот и лично Пендаровски и предходно беа познати како предизвикувачи на гафови но денеска успеаа за нецел ден да направат две грешки кои јавноста односно твитерџиите веднаш ги забележаа и направија шеги на сметка на Пендаровски.

Пендаровски денеска како ретко кој друг претседател на држава мораше по втор пат да повлекува јавно објавен твит.

Доколку шефот на државата го отворен вториот профил на кој му честитал лесно ќе видел дека се работи за човек кој има сериозни проблеми и дефинитивно не е негов колега претседател.

Нов гаф на Пендаровски, честиташе државност на погрешен човек