Автобусите на превозникот „Макекспрес“, и денеска не сообраќаат на редовните линии. Причина е, како што велат, немањето средства за да продолжат со работа поради доспеаниот долг од Град Скопје и ЈСП за месеците август, септември и октомври во висина од над половина милион евра.
„Макекспрес“ бара средба со градоначалничката Данела Арсовска и со раководството на ЈСП.
Сѐ дури не се најде решение нивните автобуси ќе останат паркирани.







