Врз основа на што Чомовски ја обвини академик Ќулафкова дека и пречат академиците Албанци (ВИДЕО)

Новинарот Горазд Чомовски во вчерашното издание на емисијата Трилинг што се емитува на ТВ24 ја обвинува академик Катица Ќулафкова дека е против академиците Албанци и дека нуди посебна академија за Албанците во Македонија настрана од МАНУ.



Во свој личен коментар меѓу ново интервју со претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев и старо интервју со академик Абдулменаф Беџети (од 2020 година) водителот Горазд Чомовски тврди дека академик Ќулавкова има нешто против односно дека и пречат академиците во МАНУ кои се Албанци.

Запрашана од expres.mk каде и кога нудела посебна албанска академија и кога била против академиците Албанци, академик Ќулафкова вели дека се работи за елементарна лага.

Во изјава за expres.mk Горазд Чомовски вели дека неговото обвинување за Ќулафкова се базира на информациите објавени по портали и во интервју за Канал 5 за кое бил информиран и претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев но тој не сакал да коментира.

Чомовски не може да прецизира врз основа на што ја обвини Ќулафкова за непријателство кон Албанците академици.

Со пребарување на македонските агрегатори на вести и медиуми не може да се најде никаква изјава од Ќулафкова во која таа зборува за академиците Албанци или за посебна албанска академија.

Единствен кој зборува за оваа тема е академик Абдулменаф Беџети кој рече дека ја прифатил ракавицата од Ќулафкова без да наведе на која конкретна нејзина изјава тој реагира.

Ќулафкова за expres.mk вели дека преку можностите кои и ги нуди кодексот на новинарите и законските можности ќе се бори против лагите кои се објавуваат за неа.

Грубиот на Чомовски врз Ќулавкова е на 30 минути и 28 секунди од емисијата Трилинг.