Врвот на СДСМ не го пуштал Ковачевски ,,на само” со Мицкоски

Причината за откажувањето на првичната понуда за средба во четири очи од премиерот Ковачевски за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, се членови на раководството на СДСМ кои инсистирале шефот на владата да не оди сам на средбата.



На прашање зошто да не оди на средба во четири очи извори во поширокото раководство на партијата одговараат дека Ковачевски е само 18 месеци на највисока позиција и дека се уште му се потребни сугестиите и искуството на неговите најблиски партиски соработници за средба со Мицкоски.

Ковачевски не е Заев ниту Мицкоски каков што беше до 2020 година и затоа е подобро премиерот да биде придружуван од своите сопартијци за средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што ќе биде глупо тој постојано за време на средбата да се консултира со нив по телефон, велат упатени извори кои сметаат дека Мицкоски може да го злоупотреби Ковачевски кој ,,не е вичен” на сурова партиска политика и ваков вид на преговори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата 360 Степени на Алсат М објави дека првично од тимот на Ковачевски била побарана средба еден на еден по што од СДСМ дошло барање средбата да се случи на ниво на поголеми тимови.

Од што се плаши Ковачевски, прво барал тет – а – тет средба со Мицкоски па се премислил (ВИДЕО)

Последни вести

Природата предупредува

Невидено невреме во Љубаништа (ВИДЕО)