Врвот на НАТО денеска во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и Северноатлантскиот совет доцна попладнево се очекува да пристигнат на „Меѓународниот аеродром Скопје“ со два авиона.



Столтенберг во Скопје доаѓа во посета на Софија, а по заминувањето ќе ја посети Тирана, каде што е предвидено да престојува само неколку часа.

Прв ќе слета авионот на Столтенберг, во кој ќе бидат и шестмина члена на неговиот кабинет, а еден час подоцна, ќе слета и авионот со Северноатлантскиот совет, во кој ќе бидат 29 претставници на земјите членки на НАТО.

Столтенберг и претставниците од Северноатланскиот совет ќе престојуваат во земјава и утре, кога ќе бидат пречекани во Владата.

Ова е втора посета од ваков ранг на Македонија.