Репортер na ТВ Прв јавува дека ситуацијата во општина Зубин Поток e како во војна. Оклопни возила на сокосвската специјална единица РОСУ се на сите страни. Има пукање а се јавува и за ранети, пренесуваат белградски  медиуми.



Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска одржа седница на Советот за национална безбедност по што е забележано раздвижување на единиците на војската на Србија.

Борбената готовност на војската и полицијата на Србија подигната е на највисоко ниво, а во касарната во Краљево забележана е активност на оклопни возила.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ рече дека во акцијата во Приштина уапсени се 23 лица од српска и босанска националност.

Косовските специјалци упаднаа на север со вкупно 73 возила.

Припадниците на РОСУ, утрово започнаа акцијата за апсење на северот на Косово, во општините во кои Србите се мнозинство, сега патролираат во голем број во селото Вара. Приметени се и коли на брза помош бидејќи има повеќе повредени, објави новинарот на ТВ Прва.

Припадниците на РОСУ се движат по магистралниот пат, пукаат и фрлаат шок-бомби. Народот е преплашен, локална школа и градинката веројатно ќе ја прекинат работата, изјави полициски службеник изјави за Танјуг.

Директорот на канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ, претходно изјави дека ситуацијата е доста драматична во општината Зубин Поток.

Според досегашните информации, 13 лица од српска националност се уапсени, потврдија и  медиумите во Приштина според кои во акцијата во Зубин Поток имаше пукања, во која беше повреден еден член на косовската полиција, Албанец.