Врховниот судија што преку македонската дипломатска мрежа ,,бркал врски” за синот пред италијанските власти е контроверзниот струмичанец Наќе Георгиев.
Георгиев е познат во македонската јавност како еден од најмоќните луѓе во правосудството чија сопруга Лидија е дел од струмичкото јавно обвинителство а неговиот син Кирил пред околу 5 недели беше избран за судија во најважниот суд во земјава, Скопскиот кривичен суд.
Токму Кирил кој пред неколку години на контроверзен начин станал дел од Академијата за судии и обвинители во времето кога Драги Рашковски со неговиот софтвер ги организираше полагањата за прием е причината за обидот на таткото судија да влијае на италијанските власти.

Причината за интервенцијата на моќниот татко е кражба на скапиот мотор на синот судија Кирил кој бил украден пред 5 недели токму кога таткото судија Наќе си даде оставка како член на судскиот совет за да може синот Кирил да стане судија во скопската единица. Преходно Георгиев стана член на Судскиот совет на мизерен начин со само 6 од вкупно 13 гласа во Врховниот суд но откако беше утврдено дека синот не може да стане судија додека тој е член на Судскиот совет си даде оставка пред да даде заклетва.
Како што вчера објави expres.mk таткото судија преку македонската дипломатска мрежа се обидел да влијае на италијанските власти да го најдат украдениот моторот на синот Кирил.
Возилото со кое Кирил заминал на одмор на Сицилија е од марката БМВ, чини околу 22 илјади долари а бил украден пред хотел во градот Палермо во регионот Сицилија каде синот бил на одмор.

Кражбата на скапиот мотор се случила во деновите кога во Скопје Кирил се избирал за судија во најважниот македонски суд.
Украдениот мотор на синот Кирил досега не е пријавен во имотниот лист на таткото судија Наќе кој задолжително се поднесува до Државната комисија за борба против корупција иако во листата што Наќе Георгиев ја поднесол има други возила на неговото семејство.
Ова е причина против моќниот Струмичанец да започне соодветна законска процедура.
Имотниот лист на Наќе Георгиев го става во категоријата на најбогатите судии во Македонија.


На почетокот на јули судијата Панчевски, екс претседател на скопскиот кривичен суд кој беше осуден на затворска казна во политички процес најави дека синот на Наќе ќе биде избран за судија и запраша што во блиска иднина ќе се случува со ваквите семејства.
Ова десно е Кире син на тазе избраниот судија по налог на Заев во Врховен суд Наќе Георгиев лево, Кире не сака да биде Банана мен само сака да биде судија или обвинител и ништо повеќе!!! Што мислите каква судбина ќе имаат ваквите семејства за брзо време??? pic.twitter.com/Dt7LCmz74E
— Владимир Панчевски / Vladimir Panchevski (@VladimirPanche6) July 2, 2020
Наќе Георгиев пред да стане врховен судија бил Претседател на Апелациониот суд во Штип, а неговата сопруга е јавен обвинител во Јавното обвинителство во Струмица.
Наке Георгиев случајно или не, секогаш кога СДСМ е на власт тој добива или избор во судија (1997 година), унапредување во апелационен суд (2004 година) или претседател на Апелација во Штип (од ноември 2017-та). Неговиот син Кирил Георгиев веднаш по доаѓање на СДСМ на власт во 2017 година бил вработен од страна на новата влада во Министерството за транспорт и врски.
Случајот со таткото кој влијаел на италијанските власти и синот судија чиј скап мотор бил украден на Сицилија содржи уште еден важен детал за кој јавноста не знае, кој expres.mk се уште го проверува а кој може да влијае на кариерата на новоизбраниот судија во најважниот македонски суд.
Поврзана вест
Скандалозниот случај може да биде катастрофален за судијата и целиот Судски совет
Контроверзниот македонски судија чиј скап мотор е украден на Сицилија има италијанско државјанство
Рим бара македонски судија да не врши притисок врз италијански органи на прогонот






