Советот за одлучување по жалби во Врховниот суд ја одбил жалбата на Лидија Неделкова за одлуката на Судскиот совет да ја разреши од судиската функција.
Одлуката била донесе на вчерашната седница, а од Советот во Врховен одлучиле дека нејзината жалба е неоснована.
„На седницата Советот за одлучување по жалби донесе одлука со којашто жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр. 10-10/20 од 01.03.2021 година“,соопштија од Врховен.
Во февруари годинава, членовите на Судскиот совет едногласно одлучиле таа да биде разрешена „поради ненавремено, немарно несовесно извршување на нејзините работни обврски…
Неделкова тогаш реагираше дека била очигледна тенденцијата да биде отстранета од судството и ја најави жалбата до Врховниот суд, која вчера била одбиена…






