Врховниот суд ги одбил поднесените жалби на осудените Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“ и ги потврди пресудите на Апелациониот суд Скопје.
Ѓоко Поповски, поранешниот помошник министер за внатрешни работи беше осуден на шест години и шест месеци затвор и тој е на издржување на казната.
Поранешен премиер Никола Груевски е второобвинет како поттикнувач за сторување на делото е осуден на две години затвор.
Апелациониот суд Скопје откако делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“ и ја намали казната затвор од шест на четири години.
Тројцата се осудени за купување ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, во 2012 година.






