Претседателката на Врховниот суд на Грција, Јоана Клапа, вчера се осврна на прашањето за широко распространето „зонирање“ и прекршување на животната средина на плажите и бреговите на земјата.



„Согласно Уставот, плажите и морскиот брег се јавна (а не предмет на трговија) и заедничка сопственост. Нивната главна цел, како заедничка сопственост, е бесплатен и непречен пристап на јавноста до нив, како и комуникација помеѓу копното и морето, езерото или реката“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

Затоа, Клапа ги повика сите првостепени судови во земјата да обрнат особено внимание на сите случаи од ваква природа.

Нивната должност, рече таа, е „да го поддржуваат принципот на владеење на правото и да го бранат јавниот интерес и благосостојбата на општеството како целина“.

Деновиве, грчката полиција уапси 22 лица на Миконос, Парос и Родос за прекршување на правилата за окупирање јавен простор на плажите.

За време на акцијата, инспекторите пронашле чадори и лежалки без дозвола, а имало и такви кои биле поставени на пет метри од морето и на археолошки места заштитени со закон.