На денешната општа расправа по иницијативата на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов, Врховниот суд одлучи дека СЈО не може да отвара истраги и да поднесува обвиненија по истекот на 18 месеци од денот на превземањето на предметите во своја надлежност.



„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност’ се вели во одлуката на Врховен суд, пренесува „Фокус“.

Ова значи дека истрагите што СЈО ги отвори по 30 јуни 2017, не може да продолжат натаму. Пропаѓаат истрагите за пописот против лидерот на ДУИ Али Ахмети и избеганиот Никола Груевски, истрагата „Моќник“ против Антонијо Милошоски, „Пациент“ против Бујар Османи, „Дизајн“ за кинеските автобуси и други, дознава порталот „Сакам да кажам“.

Според порталот, на СЈО му се одземаат и истрагите како „Империја“, „Талир“ и „Поштенска банка“ и му се враќаат на редовното Обвинителство за организиран криминал и корупција, од каде што беа преземени. Всушност, сите преземени истраги од редовното обвинителство се враќаат од кај Кататица Јанева кај Вилма Рускоска, шефица на ОЈО за организиран криминал.