Врховен суд одлучил да му ја одземе зградата на ССМ, Синдикатот бара оставки

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствената класна и работничка организација, која опстојува од 1946 година, денеска се соочува со најголемиот напад за егзистирањето на ССМ, вели претседателот на Сојузот, Слободан Трендафилов.
Сојузот бара оставки од претседателот на Врховниот суд, но и од членовите на Советот на судии ако се покаже како вистинито дека највисокиот судски орган во земајва донел одлука за одземање на зградата на работниците, поточно Работничкиот дом.



На вонредна прес-конференција, Трендафилов рече дека ќе сторат се да не се одземе објектот на ССМ и дека ќе побараат оставка од претседателот на Врховниот суд.

– Сојузот на синдикати на Македонија како единствена класна и работничка организација која опстојува од 1946 година, денес се соочува со најголемиот напад за егзистерирањето на ССМ во Македонија, поради се што правевме во минатото, во борбата за подобри услови за работниците, штрајковите и сите активности очигледно беа кнедла за многу функционери и многу судии и неименувани лица кои сакаат да го дисциплинираат синдикалното движење во Македонија и на тој начин да го уништат.

Добивме информации кои се неофицијални и кои сакаме да веруваме дека не се такви, дека Врховниот суд донел пресуда со која се одзема работничкиот дом кој е граден со средства од работниците, дом кој е граден во 1958 година, врз основа на целокупната документација со која раполагаме се инвестирани 430 милиони динари или повеќе од 8 милиони долари денешна противвредност, имот кој е граден врз основа на договор за градба, одобрение за градба, инвестициски средства, од платата на раобтниците, Врховниот суд, имајќи предвид дека е највисока судска инстанца, со таква одлука не може да биде оспорувана во домашното право, туку само надвор – кажа Трендафилов.

Тој дополни дека со сегашната одлука, се поништуваат сите постапки почнати од 1992 година, кои се донесени одтогаш и досегашни пресуди, шест во последните години, со што преиначуваат и поништуваат многу одлуки низ годините со претпоставка дека синдикатие не можеле да располагата со тие пари, и тоа како што дополни од денешните судии, кои тогаш не биле родени или биле во пелени.