„Време е за психијатар“: Филипче доби 2.300 причини за да се чувствува тегобно

Над 5500 луѓе досега реагирале на постот во кој министерот за здравство Венко Филипче го брани неговиот шеф во владата.



Од оваа бројка околу две третини се со “емотикони” во кои се изразува бес, разочарување или подсмев а една третина поддршка за министерот.

Но од тие што му ставиле лајк освен неколку штабски ботови на СДСМ нема ниту еден што јавно го поддржал со коментар.

Речиси сите од над 2300 коментари се крајно негативни, некои и навредливи.

Дел од твитовите:

“Ти Филипче, имаш многу поважна работа отколку да го браниш Муртино.
Гледај тамо Короната, не туку изигравај адвокат.
Денес сите починати ти на душа ќе ги носиш.
И не бриши твитови, биди маж, а ко ќе пишеш глупост – извини се”.

“Вие постигнавте единствено, Геноцид врз Македонскиот народ, и духовен а, ти Богами, и физички ?”.

“Филипче од тебе очекував повеќе памет него ли од овој муртински каубоец.
Срам сте за Македонија!”.

“Докторе на време да одите кај некој ваш колега психијатар, пожелно е!!!”.

“Министре во секоја нормална држава, при ваква состојба во Здравството, немање елементарни услови и жртви поради лош третман, чадори над тоалетот, немање боци со кислород, пациентите што лежат покрај мртви тела, министер дава најмалце Неотповиклива оставка! Вие се чешлате и пишувате статус на социјалните мрежи што не се ваш сектор! Башка имате Хипократова заклетва дадено ако не се лажам! Дајте му го вашето место на способен Човек!”

Овие и други околу 2300 крајно критички коментари за Филипче доаѓаат откако тој наместо да се бори против короната влезе во битка за одбрана на позициите на Заев по интервјуто за БГНЕС.

“Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија. Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме”, напиша Филипче во одбрана на Заев.

Сите коментари меѓу кои има е вознемирувачки на овој линк.

https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2561056810868003/?sfnsn=scwspmo