Синоќа свеченото беше врачена наградата „Роман на годината“ за 2022 година, на писателот Влада Урошевиќ.
Наградата за романот „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ ја додели Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности, на свбеченоста во Музејот на современата уметност.
Писателот на наградениот роман, Владо Урошевиќ, кој е 24-ти добитник на престижната и единствената награда за роман во Македонија изрази благодарност и истакна дека во писателот Славко Јаневски отсекогаш пронаоѓал голема инспирација и дека на него гледа со вооддушевеност. Изрази задоволство што за наградата се пријавиле голем број на романи.
„ Можеме да констатираме дека имаме една литература во која објавувањето на нов роман станува секојдневна нормална појава и годинава за оваа награда се пријавија голем број на романи. Такво нешто никој од нас во тоа време не можеше да си го претпостави, н тоа што никој не можеше да го замисли се оствари, мене ми е мило што бев сведок на ова добро патување. Изминавне еден долг пат и притоа докажавме дека имаме предиспозиции да се развиваме и понатаму и дека македонскиот јазик е јазик кој може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имане што да му покажеме на светот“ рече Урошевиќ како што пренесе Макфакс.
Извршниот директор на фонацијата, Ѕвездан Георгиевски изрази надеж дека во иднина преку ваквите настани македонскиот роман ќе биде доближен не само до македонските читатели, туку и пошироко.
Следната година ќе правиме четврт век, се надевам дека ќе биде поамбициозно и попомпезно би рекол, поамбициозно во смисла да го доближиме романот не само на македонските чиутатели туку и малку повисоко, изјави Георгиевски.
Вкупно 35 романи биле во конкуренција за наградата која се состои од плакета, оригинална статуетка ,авторство на скулпторот Сашо Саздовски и паричен износ од 150.000 денари.







