Девет земји-членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за која Европската комисија се очекува да ја донесе до крајот на јануари следната годин, јави Радио слободна европа.



Радио Слободна Европа имало увид за таканаречениот „нон-пејпер“ потпишан од Австрија, Чешка, Естонија, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Полска и Словенија како придонес за идната методологија во преговорите за пристапување со земјите од Западен Балкан.

Покрај назнаката „Нашата врата останува отворена“, во документот на девет држави се подвлекува „надградба на постојниот консензус за проширување“ треба „да се заснова на постојниот консензус за проширување“ врз основа на следниве принципи: „полноправно членство во ЕУ како крајна цел; прво основи; пристап заснован на заслуги“ ; строга, но фер условеност; поттикнување на регионална соработка и добрососедски односи; компатибилност со постојната рамка за преговори “, пишува РСЕ.