Враќањето на Трамп во Белата куќа – спас за Путин!?

Доколку Трамп се врати во Белата куќа, поповолниот однос кон Русија веројатно повторно ќе стане камен-темелник на надворешната политика на САД.
Ова е оценка на новинарот на Би-Би-Си, Ентони Цуркер, според кој можното враќање на Трамп на власт е „планот Б на Путин“.



Таквиот курс е подготвен да добие поддршка од повеќето републикански гласачи и некои членови на таа партија во Конгресот. И неодамнешните коментари на Доналд Трамп го потврдуваат тоа.

Поранешниот претседател рече дека може да ја заврши војната за 24 часа, но не кажа како.

Тој одби да одговори на прашањето дали сака Украина да победи. Исто така, го постави прашањето за цената на воената помош.
„Ние немаме ни оружје за себе, а даваме толку многу“, рече тој, обвинувајќи ги европските земји дека не придонесуваат доволно.

Иако американскиот Конгрес одобри финансирање од милијарди долари за Украина во подолг временски период, евентуално идниот претседател Трамп може да ја одложи или дури и да ја прекине оваа поддршка. Тој веќе го направи ова кога беше во Белата куќа: Конгресот одобри воена помош и тој интервенираше.

Некои од неговите колеги републиканци побрзаа да ги осудат забелешките на Трамп за оружјето за Украина, но можно е – па дури и веројатно – поддршката на САД за Киев целосно да заврши ако Трамп биде реизбран во ноември 2024 година.

Или барем таа поддршка веќе не да биде безусловна. Исто така, нема да има такви титански напори што Вашингтон ги направи досега за да одржи обединет фронт со европските сојузници по прашањето на антируските санкции.

Во Британија, која ја засили својата помош за Украина, вклучително и обезбедување ракети со долг дострел, се стравува од страшните последици од уште едно претседателство на Трамп.

Ако Трамп престане да испорачува оружје за Киев, војната ќе заврши според условите на Русија, што е најлошиот кошмар на Западот, вели Сер Алекс Јангер, поранешен шеф на британската разузнавачка агенција МИ6.