Како се случило македонскиот државен врв односно претседателот Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во консултација со премиерот Заев да испратат во НАТО двајца воени претставници кои што биле дел од висока корупција или имале контакти со ривалски служби од држави држави кои се сметаат за непријатели на алијансата?
Ова е едно од централните прашања што ги поставуваат експертите за безбесност откако од седиштето на алијансата е вратен полковникот Секуловски но и уште еден претставник на одбраната со која раководи Шеќеринска.
“Да видиме дали тие што се одбиени за НАТО сертификат претходно добиле национален? Дали за национален не постоел ризик, оти па нашиве документи и не се толку важни? И како ДБКИ им издало национален, кој потпишал?”, прашува експертот за безбедносни прашања професорот Александар Нацев.
Враќањето на двајцата македонски воени претставници ја отвара Пандорината кутија во која е извесно дека има и други актери за кои повеќе западни партнери со години предупредуваат дека имаат директни или индиректни контакти со служби кои не се дел од системот на НАТО.
Професорот Нацевски во коментарот открива дека во македонскиот систем има елементи кои свесно или од неспособност ја довеле под заканата внатрешната безбедност на НАТО но оваа ситуација според други западни искуства не може да помине без политичка одговорност.
Доколку македонските политичари во случајов Пендаровски и Шеќеринска знаеле дека постои сомнеж за инволвираност на нивните безбедносни служби и кандидати во соработка со воени и разузнавачки служби од земји кои се сметаат за закана за НАТО Македонија наскоро под притисок од Брисел може да види оставка од висок државен политичар.
Пендаровски и Шеќеринска под своја контрола ги имаат Агенцијата за разузнавање и Воената агенција за разузнавање кои што имаат доволно ресурси ако сакаат да откријат кој од македонските воени претставници во НАТО има опашки, без разлика дали се руски, кинески или ирански.
Дали тие заедно со АНБ и ДБКИ кои индиректно се раководени од премиерот Заев и неговиот советник Зоран Верушевски ја завршиле својата работа или потфрлиле ќе се види многу брзо велат најавите на повеќе извори кои се упатени во процедурите на западните партнери.
Поврзано
Кој е вториот човек вратен од НАТО испратен од Пендаровски и Шеќеринска






