„Не можеме ни да заминеме одовде. Нема кој да не` одјави од СЈО. Бидејќи немаме здравствено осигурување, не можеме да земеме ни ден боледување. Не можеме да ги користиме дури ни деновите за одмор, бидејќи нема кој да ни ги одобри. Без никаква наша вина, излегува дека сите сме казнети”, велат неколку десетици стручни сорботници, истражители, вработени во ИТ-секторот и во помошните служби – архивари, доставувачи, портири, хаус-мајстори од поранешното СЈО.
Тие се уште имаат важечки договори за работа бидејќи по разрешувањето на Катица Јанева Владата не задолжува лице кое времено ќе биде овластен потписник за да добиваат плати или да им потпише отказно решение.
Бидејќи и по два месеца не е најдено решение и велат дека размислуваат да тужат..
Од Јавното обвинителство и вчера повторија дека иднината на истражниот центар, вработените, опремата и се што е поврзано со функционирањето на СЈО треба да се реши со нови одредби кои треба да се донесат од надлежен орган, бидејќи Јавното обвинителство нема надлежност да решава за тие прашања, пишува Дојче веле..






