Вработените во „Комуналец“ Скопје се враќаат на работа, Синдикатот институционално продолжува да ги бара правата

Ѓубрето кое со денови „дремеше“ на улиците низ главниот се собира, а вработените од „Комуналец“ се враќаат на работа. Луѓето од втората смена на Јавното претпријатие ги засукаа ракавите, откако самоиницјативно престанаа со работа, рече за Алфа претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, Стојанче Кашиковски. Според него, одлуката била во интерес на граѓаните, а со оглед на најавите за високи температури.



Одлуката e во интерес на граѓаните и со оглед на најавите за високите температури, вработените во Комунална хигиена ќе почнат со работа. Веќе втора смена денеска ќе излезе на терен, а ние институционално ќе си ја тераме работата. Не треба поради нечија одговорност граѓаните да трпат, рече тој по средбата на претставниците од СУТКОЗ, синдикатот во кој спаѓаат и вработените во Комунална хигиена со претставници од Извршниот одбор на комуналното претпријатие.

Кашиковски додаде дека било одлучено Извршниот одбор на „Комунална хигиена“, да одржи уште еден состанок за да ги допрецизираат следните чекори за проблемите во претпријатието, зашто растел револтот на луѓето поради игнорантскиот однос на менаџментот.

Инаку, вработените во „Комунална хигиена“ вчера протестираа пред претпријатието барајќи поголема плата и враќање на отпуштените работници, а поради нивниот протест град Скопје деновиве остана затрупан во ѓубре преполни контејнери.