Вработените во Македонска филхармонија протестираат декеска пред Министерството за култура, кое, како што велат од таму, се уште не излезе со решение за проблемот кој настана со одлуката „НУ Џез оркестар“ да биде сместен во нивниот објект.
„Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое ја блокираше и сметката на Филхармонија со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција“, се истакнува во нивното соопштение.
Бараат што поскоро изнаоѓање на решение за проблемот и да се надмине како што велат, оваа „надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение“, пренесе Макфакс







