Премиерот Зоран Заев на синоќешната трибина во Прилеп повика оставка да си поднесат сите оние вработени со роднински врски.



„Еве ги денеска одлуките, директно испраќам наредба до сите, веднаш да се повлечат од работните места каде што се. Само така ќе функционира системот. Државната антикорупциска комисија е независна институција и очекувам да ги соопшти резултатите што ги најави и за другата страна оти тие беа примерот за непотизмот во државата и целото партиско, но и роднинско вработување. Очекувам и за другата страна“, додаде Заев.