Ова го објави на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Според него, од 2016 досега реализирани се 5 покачувања на платата за сите вработени во МВР, и тоа во 2016, 2019, 2022 за 5 отсто, во март 2023 линеарно зголемување во бруто износ од 3.086 денари, а согласно измените во Општиот колективен договор за јавниот сектор, со кои основната бруто плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за 10 проценти, сите вработени во МВР со исплатата на платата за месец септември, добија 10 отсто зголемена плата.
„Дополнително, во 2019, за првпат од 1991, за 4.821 униформирани вработени, со зголемување за 10 и 20 на бодовите на плата само за работната позиција полицаец, се овозможи издвојување на основната категорија Е и Ж работна позиција помлад полицаец, полицаец и виш полицаец од останатите вработени“, објави Спасовски на Фејсбук.







