Лице кое на Фејсбук поставува фотографии од Владата на Република Македонија јавно му упатил сериозни закани на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Во коментарот на видеото на Радио Лидер кое ја пренесувал прес конференцијата на Стоилковски лицето напишало заканувачка порака која е противзаконска од повеќе причини.

Јавна закана за сексуален напад, говор на омраза на етничка основа затоа што Стоилковски според племенската дефиниција е дел од “Македонското племе”, чин против слободата на говор и закани на политичка основа се сами дел од основите поради кои Владата мора да реагира кај својот вработен.
Навреда поради физички изглед е посебно кривично дело.
За предходни слични закани на други граѓани упатени кон премиерот или други владини службеници МВР на барање на владата повикуваше на одговорност или кривично гонење.
Дали сега Владата ќе го почитува својот кодекс на однесување е прашање за премиерот Заев и вицепремиерот за корупција Николовски.
* првичната верзија на оваа вест е променета откако лицето за кое се говори демантира дека е вработено во владата.






