Вработен во затворот во Охрид кој десетина дена бил заболен од Ковид19 со денови одел на работа иако имал сериизни причини да се сомнева дека е носител на вирусот, брифираат извори во затворот кои се гневни на неодговорниот и криминален однос на колегата.
Тој во деновите за кога е извесно дека бил заразен имал комуникација со огромен број колеги и затвореници поради што во затворот во Охрид владее паника.
Засега во затворот не се вршат тестирања за Ковид19 иако здравствените власти имале сознанија за можен заболен во затворот.
Заболениот според негови колеги изминативе денови организирал и семејна веселба на која биле присутни и десетина други лица со што постои опасност дека вирусот е проширен и на други лица вон затворот.






