Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема ништо спорно во запишувањето и на Бугарите во Преамбулата на македонскиот Устав.
„Условот Бугарите да бидат впишани во Преамбулата на Уставот ни е познат и, ако има впишани шест други народи во Уставот, што е спорно? Како ја уриваме македонската држава ако ги впишеме уште Бугарите, Хрватите, Црногорците, можеби Евреите?“, праша Пендаровски во изјавата за новинарите по учеството на тркалезната маса „Западниот Балкан меѓу Западот и Истокот: Северна Македонија член на ЕУ до 2030 година“ во Скопје.
Според него, решението е во тоа „постојано јавно да се објаснува дека, ако Бугарите бидат впишани во Преамбулата на Уставот, тоа не ја урива државата и оти станува збор за апсолутно безопасна ситуација“.





