Возовите пак запреа, железничарите чекаат декемвриска плата

Машинскиот персонал во МЖ Транспорт АСД Скопје е во бојкот поради неисплатен втор дел од септемвриската плата, а во целосен прекин се товарниот и патничкиот железнички сообраќај, изјави денеска за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.



Чакаровски информираше дека товарниот сообраќај е намален за 90 проценти уште во саботата по 15 часот, а утринава од 7 часот е во целосон прекин патничкиот сообраќај. Според возниот ред, прв од патничките возови што според најавите нема да тргне е на релацијата Скопје-Велес предвиден за 09.20 часот.

Бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното барање за исплата на вториот дел од декемвриската плата,  изјави Чакаровски.