Вознемиреност, страв, фрустрации – кризата зема данок врз здравјето

Економската криза удри по менталното здравје на граѓаните. Капацитетите за справување се веќе истрошени од пандемијата, па растат стресот, стравот и фрустрациите. Психолозите советуваат да се излезе од замката на стравот преку дружење и помагање на другите.



Цените во продавниците растат, неизвесно е дали ќе има греење и струја оваа зима, се најавуваат отпуштања на работници, а војна се води на само 1.000 километри од Македонија. И сето тоа откако светот мина 2,5 години во пандемија од ковид 19, со полициски часови и карантини, која и самата остави сериозни последици по менталното здравје на граѓаните. Предвидувањата дека по ковидот ќе следува пандемија на проблеми со менталното здравје полека се остваруваат но овојпат засилени од новите кризи.

Сите овие случувања силно удрија по и онака кревкото ментално здравје кај Снежана Димоска, пензионерка од Скопје. Работите тргнале на лошо по смртта на нејзиниот сопруг пред четири години. Прво ковид пандемијата, а сега и економската криза само ја влошиле нејзината состојба. Помош наоѓа во лековите и прошетките, а секое утро и е нов предизвик.

„Си мислам како ќе биде денеска, како ќе го истерам денот, нешто да не ми се случи, зошто животот стана вака тежок, зошто се се покачува, многу ме измачува тоа. Едно млеко од 69 денари сега 80, скоро 90 (денари) вчера го земав… и секој ден гледам само да се стемни, да легнам, да станам“, со насолзени очи раскажува пензионерката седната на клупа во центарот на Скопје.

Линк до целиот текст.