Возел со 4,07 промили алкохол

Возач на подрачје во Ресенско, бил фатен дека вози под дејство на алкохол и кај него биле измерени  4,07 промили алкохол во крвта.



СВР Битола во текот на вчерашниот ден изрекла 7 санкции за возење под дејство на алкохол.

На територија СВР Битола изречени се 59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола,

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.