Возач од Кочани постави нов рекорд во Македонија по количина на алкохол во крвта.
При проверка, сообраќајната полиција утврдила дека тој го возел своето возило со цели 5,31 промили алкохол, иако законот дозволува само 0,5 промили.
Возачот бил исклучен од сообраќај и одземена му е возачката.
До сега рекордот го држеше прилепчанец фатен во август годинава со 5,01 промили алкохол во крвта.







