Возел 32 км/ч над дозволеното, казнет 121.000 евра

Фински мултимилионер доби една од највисоките казни за пребрзо возење во светот – 121.000 евра – за возење со 32 километри на час над дозволеното, пренесуваат медиуми



Во Финска казните се пресметуваат според приходот на престапникот, а на Андерс Виклоф (76) еден од најбогатите Финци ова му била трета казна.

Тој објасни дека дека ограничувањето на брзината „наеднаш“ се променило од 70 км/ч на 50 во моментот кога возел 82 км/ч.

„Почнав да успорувам, но претпоставувам дека не успорив доволно брзо.“, рече тој.

Казните за сообраќајните прекршоци во Финска се засноваат на сериозноста на прекршокот и приходите на прекршителот, кои полицијата може веднаш да ги провери со поврзување со централната база на податоци на даночните обврзници.

Тоа што Виклоф претходно бил двапати казнет поради пребрзо возење беше отежнувачка околност. Тој во 2018 година бил казнет со 63.680 евра, пет години откако за истиот прекршок добил казна 95.000 евра.

Сега и возачката дозвола му е одземена на 10 дена.