Истражниот тим во Бугарија кој спроведе истрага за несреќата на македонскиот автобус на „Беса транс“во која загинаа 45 луѓе заклучи дека возачот на автобусот, кој исто така загина, е виновен за несреќата..
„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот и високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина“, се причина за несреќата изјави заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов пренесе Дневник.бг.
Обвинителот вели дека по ова, останува да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.







