Мексико беше принудено да ги укине субвенциите за гориво во пограничните региони со САД откако американските возачи масовно заминуваа во соседната држава за да наточат поевтино гориво.
„Во САД цените на горивата се повисоки отколку во Мексико и граѓаните на таа земја ја поминуваат границата за да наточат“, соопшти мексиканското Министерство за финансии, додавајќи дека во пограничните региони има недостиг од гориво „поради нерамнотежата меѓу снабдувањето и побарувачката“.
Субвенциите што државата ги воведе за да се бори со растот на цените на горивата нема да важат за пограничните региони со САД до 8 април, се додава во соопштението.
Цените на горивата во САД достигнаа историски рекорд минатиот месец со експлозијата на цените на светско ниво поради намалената понуда предизвикана од санкциите против Русија за нејзината воена интервенција во Украина.





