Пред бараките на град Скопје претпладнево се собраа околу 400 вработени на ЈСП во знак на револт, но и да вршат притисок врз Советниците на Град Скопје да донесат одлука со што уште денеска ќе ги добијат декемвриските плати.



Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски во изјава за медиумите информира дека сообраќањето на нивните автобуси, ќе зависи од одлуката на советниците на Град Скопје.

Автобусите на ЈСП утрово од 9 часот се повлекоа во двете автобази во Автокоманда и во Ѓорче Петров.

Стојановски рече дека нема да се согласат со нецелосна исплата на сумата.

Нагласи дека доколку биде донесена одлука за исплата на целосната сума, тогаш автобусите на ЈСП ќе почнат да сообраќаат во попладневните и вечерните часови.