Лице кое се претставува како Димитар Ганчев на Фејсбук , наговестува што би можела да бидепричинта за сообраќаната несреќа на македонскиот автобус во која загинаа 45 (официјално) лица и 12 поминале со повреди.
Тој тврди деке илјада пати ја минал таа релација на бугарскиот автопат „Струма“ и дека сенсомнева дека патната сигнализација но и патното решение можат секого да доведат до заблуда.
Имено, на тој дел од автопатот „Струма“, има излез за за паркинг токму на место каде е кривина, и веројатно возачот на автобусот, за да не излезе од автопатот се обидел да се врати на редовната лента при што удрил во необележаните столбчиња….
„Овој пат го поминувам секоја вечер, обично во темница, на враќање дома. Има две делници на кои сум многу внимателен, затоа што лежи патот – оваа и другата, километар понатаму, на излезот кон Старо Село.
Ако човек во темница ја следи десната гранична линија на патот, на овие две точки интуитивно сака да го фати отстапувањето (не десно -н.з.), кое во овој случај е паркинг. Потребна е волја да се остане на левата страна.
Обележјето – десната лента за итни случаи – нагло исчезнува надесно и ако впатот енепознат, рацете сами се вртат десно. Дури и следното такво отстапување е понепријатно бидејќи е во кривина.
Го поминав стотици пати и секој пат претпочитам да бидам на левата лента и да ја следам левата ознака отколку десно. Инаку, патот таму е во перфектна состојба, но практично сум сигурен дека возачот тргнал по десната рестриктивна лента и немал време да разбере дека оди на паркинг.
Сум имал барем 5-6 блиски несовпаѓања со оваа заштитна ограда од веројатно 1.000 случаи. Знам дека е таму, знам дека има проблем во темницацта да се процени растојанието помеѓу неа и паркингот, а сепак ми се случило …








