Возач без дозвола од Македонија ѝ бегал на полицијата во Швајцарија

Две момчиња од Македонија, 18-годишен возач и 14-годишен сопатник, утрово избегале со автомобилот од полициска контрола во швајцарското гратче Ленцбург од  кантонот Аргау.



Потерата завршила на окружниот пат во Руперсвил, каде што бегалците со својот автомобил се заглавиле меѓу два столба и полицијата можела конечно да ги фати.

Кантоналната полиција од Аргау соопшти дека двајцата гонети се неповредени.

Возачот од Македонија немал валидна возачка дозвола. Обвинителството наредило да му се земе примерок од крв и урина и отворило истрага.