Утрово околу 7 часот, патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река, но за среќа, нема повредени патници, дознава Плусинфо.



Патничкиот воз сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.

„Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар“, потврдиле од Македонски Железници-Транспорт.