Воз излета од шини помеѓу Куманово и Романовце (ВИДЕО)

Ноќеска нешто пред 02 часот се случи железничката несреќа помеѓу Куманово и Романовце, во близина на патниот премин кај с.Черкези.



Неколку вагони од товарен воз кој сообраќал на релација железничка станица Табановце- железничка станица Трубарево, излетале од шините,

Повредени лица нема и била причинета само материјална штета, а поради несреќата железничкиот сообраќај ќе биде во прекин неколку дена.

Патниците кои патуваат со воз на линијата Белград-Скопје, поради прекинот ќе бидат префрлувани со автобуси.

ТВ21 објави фотографии и од видео на кое може да се видат превртените вагони, истурениот товар како и напукнат ѕид од куќа.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/362810207638467/