“Воскресна” исчезнатиот извештај на Стејт Департментот на САД за корупција во Македонија

По нешто повеќе од еден ден на веб страната на Стејт Департментот на САД повторно е достапен исчезнатиот извештај за климата околу инвестициите во Македонија.



Во извештајот се зборува за корупција како сериозен проблем за инвестиции во земјава.

Веста повикувајќи се на Стејт Департментот завчера ја објави емисијата 360 на Алсат М но линкот за извештајот до утрово не беше достапен.

“Владата не бара приватните компании да воспостават внатрешни кодекси на однесување со кои се забранува поткуп на јавни службеници, се наведува, меѓу другото, во извештајот за климата за инвестиции во нашата земја за 2021 година.

Пандемијата на ковид-19 има длабоко влијание врз економијата на Северна Македонија и способноста да ги апсорбира странските инвестиции. Иако напорите на Владата да го насочи производството кон потребите и да ги контролира цените на почетокот на пандемијата во голема мера се завршени, ограничувањата за движење на луѓето и значителното зголемување на невработеноста ја ограничија потрошувачката и ги забавија услугите потребни за отворање бизнис, се наведува во извештајот на Стејт департментот за климата за инвестирање во С Македонија државата за 2021 година.

„Пандемијата нагло ја смени ситуацијата со БДП на земјата, преминувајќи од пораст од 3,2 проценти во 2019 година на пад од 4,5 проценти во 2020 година, иако во март Владата предвидуваше дека економијата ќе порасне за 4,1 процент во 2021 година. И додека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија и правната рамка е главно во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем“, е нагласено во извештајот.

Службеници остануваат ангажирани во коруптивни активности

Како што се наведува, целокупното регулаторно опкружување на земјата останува сложено и честите регулаторни и законски измени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување, погодно за корупција. Владата генерално спроведува закони, но има бројни извештаи дека некои службеници остануваат ангажирани во коруптивни активности”, објави 360 во својот извештај во кој имаше нефункционален линк кој сега повторно функционира.

Амбасадата на САД во Скопје за 360 степени информирала дека извештајот бил повлечен затоа што бил објавен во нецелосна верзија.

“Вашингтон по грешка објави нецелосна верзија на веб-страницата на Стејт департментот и таа е отстранета, велат од Амбасадата на САД на прашањето на „360 степени“ – зошто документот не е достапен онлајн.

Стејт департментот објави, па повлече извештај, во кој нотираше дека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија, но корупцијата е постојан проблем. „360 степени“ прашала во Амбасадата на САД во Скопје – зошто документот „го снема“ од веб-страницата на Стејт департментот. Од Амбасадата одговориле дека документот е повлечен, затоа што објавената верзија на Извештајот за инвестициската клима во Северна Македонија за 2021 година била нецелосна и неофицијална.

„Извештајот не е објавен официјално. Вашингтон по грешка објави нецелосна верзија на веб-страницата на Стејт департментот и таа е отстранета. Извештајот ќе биде достапен онлајн на или околу 15 јули. Се извинуваме за грешката“, одговориле од Амбасадата на САД, а извинување има и на веб-страницата, пишува 360 Степени.

Во документот, кој беше пренесен од многу медиуми во државава, беше наведено дека целокупното регулаторно опкружување на земјата останува сложено и честите регулаторни и законски измени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување, погодно за корупција. Стејт департментот, во таа верзија од извештајот, нотираше и дека Владата, генерално, спроведува закони, но има многубројни извештаи дека некои службеници остануваат ангажирани во коруптивни активности, пишува 360 Степени во својата информација.

“Исчезна” извештај на Стејт Департментот на САД за корупција во Македонија

Линк до 360 степени

Линк до извештајот кој сега е достапен

https://www.state.gov/reports/2020-investment-climate-statements/north-macedonia/

Амбасадата на САД се извини: Повлечениот извештај за корупција во владата на Заев бил нецелосен