Навистина ме чуди како голем број Македонци подржуваат крајно диктаторски режим како Путин во Русија…вели Павлос Воскопулос од партијата „Виножито“околу која гравитира македонскотомалцинство во Грција.
„Ок, до одредена мерка разбирам еден дел од Македонците насекаде инстинктивно се определуваат обратно од Западните политички структури како НАТО, ЕУ или САД… заради “маките” со името на државата претежно и тешкиот пат кон овие структури…
Во овај случај конкретно гнасниот напад на Путинова Русија треба Македонци 100% да осудува и да подржува Украјна и Укранскиот народ.Плус повеќе бидејќи токму Путин не почитува Украјнски национален идентитет…
Нели асоцира како слично мислат некој Балканци не почитувајќи посебен Македонски национален идендитет?
Било кој Македонец или Македонка ако внимателно види како Путин, скоро четврт век години е на власт со краен криминал и против демократијата тамо, дури и убиства на новинари кој критикуваат режимот мора да биде на другата страна.
Токму да се солидаризира со Западниот свет“, објави Воскопулос на Фејсбук.







