Павле Воскопулос Филипов, член на Централниот комитет на „Виножито“, партијата на македонското малцинство во Грција, смета дека Грција, како и Бугарија претходно, си дава автогол инсистирајќи Македонија да го избрише членот од Уставот кој се однесува на грижа на Македонците во соседните земји.
Во интервју за порталот МКД.МК, Воскопулос вели дека официјалната грчка позиција е дека тука нема малцинство.
Но, вели тој, ако нема малцинство, зошто тогаш зошто се бараат такви промени во Уставот на соседната држава?
„Зборувам за грчкиот и бугарскиот автогол во овие договори.
Драга Грцијо, ако ти немаш македонско малцинство, зошто тогаш бараш Македонија да го промени баш овој член од Уставот, за Македонците во соседните земји.
Нели е ова еден вид признавање на постоењето на малцинство и дека имаш голем проблем. Ако немаш малцинство, нема да бараш таква промена. Јас лично дури и на тие работи што на прв поглед негативно ги оценуваме, гледам малку поинаку, Вели Воскопулос.
Целото интервју за МКД.Мк на следниот линк.





