Тестирањето на можна вакцина против ковид-19 што ја развиваат „АстроЗенека“ и Универзитетот Оксфорд ќе продолжи откако почина еден волонтер.



Од Оксфорд соопштија дека „внимателна проценка“ покажала дека нема безбедносни грижи.

Би-Би-Си објави дека починатиот волонтер не ја ни примил вакцината што се тестира.

Само половина од учесниците во тестирањето ја примаат вакцината, додека останатите добиваат постоечка одобрена вакцина против менингитис. Ниту волонтерите, ниту нивните семејства знаат која од вакцините тие ја добиваат, што им овозможува на истражувачите да ги споредат резултатите на двете групи, со цел да добијат информации дали вакцината е ефективна.